Мнозинство во Советот на Град Скопје имаат ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери на Владата „ВРЕДИ“ и ЗНАМ. Според поделбата на мандати, ВМРО-ДПМНЕ има 18 советници, ВРЕДИ, ДУИ и Левица ќе имаат по шест советници, пет советника ќе има СДСМ, или седум помалку од минатите избори, кога имаа 12 советници. По еден советник ќе имаат партијата ЗНАМ, Коалицијата „Искуство за успех“ и граѓанските листи „Независни заедно“ и „Зелен хуман град“.
Од 45 советници, колку што има Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ имаат вкупно 25 советника.
На минатите локални избори, ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше 18 советници. СДСМ тогаш освои 12, ДУИ имаше пет, Левица четири, а по две советнички места имаа Алијанса за Албанците и Алтернатива, коалицијата ЛДП/ДОМ и независните кандидати од „Зелен хуман град“.