ВМРО-ДПМНЕ: Каква влада, такви мерки – неефикасни и дискриминаторски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од ВМРО-ДПМНЕ со рекација по повод мерките за спречување на коронавирусот кои владата ги донесе во саботата, а кои ќе почнат да важат од 16. август. Според опозицијата, мерките се задоцнети, неефикасни и дискриминаторски.

„Пакетот на мерки против КОВИД е задоцнет и неефикасен. Каква влада, такви мерки против КОВИД, неефикасни и дискриминаторски

Сега Заев и Филипче се занимаваат со последиците од короната, а причините за ова денес е целосното игнорирање на проблемот и ненавремената имунизација. Трката по провизии, наместо трка по вакцини придонесе Македонија денес да собори уште еден неславен рекорд а тоа е на врвот на листата на заразени.

ВМРО-ДПМНЕ апелира на вакцинација, но го почитуваме правото на останатите кои мислат спротивно и владата нема право да го ограничува нивното право и слобода на избор.

Владата нема да може да ги спроведува нејзините мерки еднакво. За едни тие ќе важат, за други не.

Народот не треба да се плаши, и повторно корона кризата да се претвора во ПР војна на влевање на страв, туку на разумни одлуки кои ќе дадат резултати. Потребни се стимулативни мерки, а не казни.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.