Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за ТВ21 потврди дека пратеничката од Гевгелија е во изолација поради Ковид 19.
Го прашавме дали во четврток ќе бараат пратеничката да присуствува и да гласа во скафандер, на што Мицевски одговори: Секако!
„Секако, имајќи го во предвид Протоколот донесен од Комисијата за заразни болести претходно и праксата на ваквото гласање“, истакна Мицевски за ТВ21
За сега немаме потврден одговор дека пратеник и од Алијанса за Албанците е во изолација поради Ковид 19.
