ВМРО-ДПМНЕ треба да биде внимателна со своите политики, бидејќи како што постапува, ги отуѓува граѓаните од партијата, но и албанските партии за можна коалиција. Ова беа зборовите на в.д. претседателот на Аалијанса за Албанците, Арбен Таравари во Клик плус, говорејќи за иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ. Таравари рече дека ВМРО-ДПМНЕ треба да внимава особено кога зборува за евроинтеграциите.
„Мислам дека ВМРО треба сериозно да ги преиспита своите политики, особено кога се зборува за евроинтеграциите и мислам дека ваквите претстави, барем овој речник што го користи ВМРО-ДПМНЕ, едноставно отуѓуваат многу граѓани“, вели Арбен Таравари В.Д. претседател на АА.
ТВ21: Што е со албанските политички партии?
„За тоа не разговараат ниту албанските политички партии. И јавно кажавме дека со ваквиот начин на изразување и со пречката што ја прават за почеток на преговорите, мислам дека голем дел од политичките партии си заминуваат и нивниот коалициски капацитет е намален со албанските политички партии и мислам дека треба сериозно да ја испитаат својата политика барем со она што излегува во јавноста“, рече Таравари.
Но, за ВМРО-ДПМНЕ изјавата на Таравари не претставува никаков проблем. Во писмениот одговор велат дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија и коалициските партнери можат сами да ги изберат.
„ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија и има можност сама да ги избира своите коалициски партнери. Остануваме фокусирани на рушење на актуелната власт и ги повикуваме сите политички партии кои сметаат дека актуелната власт е криминална, корумпирана и неспособна наместо да се нуди да и се придружиме, да се приклучат во борбата за рушење на власта“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме, во телевизиски настап за 360 степени, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека при евентуалното формирање на новата влада, за коалиција ја претпочита албанската опозиција, а не албанската партија која е на власт.
