Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција на прес конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според нив, СДСМ не правело ништо за граѓаните и државата, односно единствен приоритет им било партизација на државните институции.
„На партизацијата на државните институции потпис стави, СДС.
Не така одамна сите се сеќаваме на партиската турканица за во Агенцијата за електронски комуникации. Настана дури и кавга меѓу коалициските партнери СДС и ДУИ кој да го фати возот за членство во АЕК.
Место во АЕК во таа турканица си обезбеди другарот на докажаниот сдсмовец Стефан Богоев, Владимир Станивуковиќ.
Заврши времето кога СДС аздисуваше насекаде, ВМРО-ДПМНЕ стана крај на штетните политики за државата.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.