Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат после средбата на премиерот Зоран Заев со оштетени од „Еуростандард Банка“. Тие велат дека Заев не може да биде решение на проблемот, кога тој самиот е проблем.
„Не може Заев да е решение за скандалот со Еуростандард Банка, зошто тој е причината за проблемот
Не може Заев да е решение за скандалот со Еуростандард Банка, зошто тој е причината за проблемот.
Еуростандард Банка е 200 милиони евра тежок скандал, а Заев човекот кој не спречи пропаѓање на банка кој сега не може да биде дел од решението. Јавноста очекува одговори која е таа струмичка компанија блиска до власта која добивала кредити без покритие од банката? Како се користени тие пари? Каде завршувале и зошто нема одговорност за министерката на Заев Нина Ангеловска која пред време си ги извлекла парите?
Потребна е кривична одговорност за министрите и раководителите на
институции директно одговорни за аферата. Потребна е одговорност што стотици луѓе остануваат без работа и над 100 илјади луѓе со блокирани сметки“. соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
