ВМРО-ДПМНЕ потсети на условите – Ковачевски: Тие се во шок, им треба време

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ е во шок бидејќи до вчера протестираа велејќи дека не ги поддржуваат уставните измени, а пред неколку дена излегоа и го изјавија спротивното, рече премиерот Димитар Ковачевски во врска со изјавите од македонската опозиција по средбата меѓу премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека Мицкоски по средбата во средата “се заангажирал за учество во процесот и носењето на потребните одлуки за европска интеграција на земјава“.

Работните групи за продолжување на преговорите за уставните измени го имаат потребниот формат за продолжување на преговорите за сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, смета премиерот Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за нив не се прифатливи уставните измени како тие на СДСМ “под бугарски диктат“ и дека СДСМ треба да избере меѓу двата доставени предлога.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека би ги прифатиле уставните измени во влада без ДУИ и уставните измени да важат по зачленување на земјава во ЕУ. ДУИ изјави дека ќе се повлече за уставните измени, истото го кажаа вчера и од АА.