ВМРО-ДПМНЕ со реакција по повод денешната пресуда за „Таргет Тврдина“. Во предметот беа донесени затворски казни за поранешните членови на партијата.
Дафина Стојаноска од партијата вели дека го поздравуваат спроведувањето на правдата, но дека допрва ќе се види какви договори има на релација Заев – Мијалков.
Го поздравуваме секој чин кој значи спроведување на правда, вклучително и оваа пресуда. Лошо е што поради криминалите на Мијалков во затвор заглавуваат и луѓе кои се колатерална штета.
Ова е пресуда донесена под жесток притисок на јавноста, опозицијата и меѓународниот фактор. Тоа е и причината поради која навидум пропадна првата фаза од договорот Заев – Мијалков со кој удрија шамар на правдата, иако постојат индиции дека можно е апелациониот суд да одлучи и поинаку каде Заев е познато дека има силно влијание. Таа жалбена постапка ќе трае околу една ипол година. Затоа оваа одлука околу која власта крева еуфорија е со цел да ги прикрие задколисните договори, чесно е да се каже дека таа не е правосилна се уште.
Воедно на осудениот Мијалков му беа овозможени услови какви што немаше ниту еден друг бегалец од правдата. Потсетуваме дека потребно е дополнително сериозно да се разгледаат прекршувањата на постапката. Како лице со меѓународна потерница денес осуден криминалец му беше доделен куќен притвор. Какви договори и повластувања има зад сето ова. А, за кои најдобро може да сведочи Заев.
Правда мора да има. Договорите Заев – Мијалков не смеат да ја погребаат правдата.“, рече Стојаноска.
