По лидерската средба на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и условите кои ги постави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не очекува многу политичка гимнастика, смета политичкиот експерт Сефер Селими. Средбата на лидерите на најголемите македонски партии Селими ја оценува за успешна бидејќи, како што вели, препреките се отстранети и сега е создадено отворено поле за дискусија за постигнување на уставните измени.
„Ќе има доста политичка гимнастика следниве денови, како што изгледа и самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ се изненади особено од ДУИ која изрази подготвеност да се повлече од владата за да се одблокира патот кон ЕУ“, вели Сефер Селими.
Но која е целта на ВМРО-ДПМНЕ која постојано поставува услови?
„Природно, компромисот не може да биде исполнување на сите барања на само една страна и тоа го знаат сериозните политички партии и имаат за цел да постигнат компромис. Доколку ВМРО-ДПМНЕ влегла со цел да се шегува со самата себе и граѓаните на Македонија, тогаш овој пристап е погрешен и никогаш нема да има можност да постигне компромис, но јас верувам дека ќе има позитивен исчекор во овој правец“, додава Сефер Селими.
Сериозните партии во важни моменти како овие за евроатлнатската перспектива на Македонија на преговорите не им пристапуваат со идеја да не се постигне договор, вели Селими кој ваквиот исчекор го гледа како завршено прашање за уставните измени.
