ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ветуваше тунели и чист воздух, а сега сече дрва и прави измама тешка 12,7 милиони евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат по повод вчерашното сечење на дрва во Скопје. Од опозицијата го обвинија Шилегов за масовната сеча на дрва, како и за измама од 12,7 милиони евра со продажбата на Градската куќа.

„Петре Шилегов ветуваше препород на Скопје, а после 4 години неговата работа се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра со продажбата на Градската куќа. 

Имено Шилегов сеуште молчи каде се парите кои ги доби од продажбата на Градската куќа на ЕВН која не ја изгради, туку ја доби изградена во наследство. Значи Шилегов не беше ниту способен да ја всели, а не пак да изгради нова. Парите од продажбата ги нема, а Шилегов упорно не кажува во чии џебови завршија. Неговиот капитален проект беше сечењето на дрвата кај Орце Николов. 
Ги повикуваме институциите особено Обвинителството да проверат каде завршија парите од оваа зделка на Шилегов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.