ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради тоа што на средбата со шпанскиот министер, Хосе Мануел Албарез Буено, Османи, како што тврдат, зборувал само на албански јазик, заобиколувајќи го македонскиот јазик. Од оваа партија барат кривична одговорност и надлежните органи веднаш да реагираат.
Но на кој јазик зборувал Осамни и како ја претстави Северна Македонија на заедничката прес конференција со шпанскиот хомолог.
И на новинарските прашања Османи одговараше на двата јазика. Со одговор излегоа од МНР во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, од каде ги негираат ваквите тврдења.
„Во интерес на вистината, дозволете во целост ги демантираме информациите за несоодветна примена на Законот за употреба на јазиците за време на средбите и/или прес конференцијата со Министерот за надворешни работи на Кралство Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено. Примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи, кои патем се чести, јавни, и многубројни, е секогаш соодветно имплементирана. На секој настан Министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми“, велат од МНР.
Од МНР бараат ВМРО-ДПМНЕ јавно да се извини поради создавање на непотребна конфузија во јавноста врз основа на етничка база, поттикнувајќи тензии и етнички поделби во општеството.
