ВМРО-ДПМНЕ за интервјуто на Агелер: Не е соодветно да коментираме изјави на стратешки партнер, покажавме што ќе биде наш фокус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, прашана за ставот на партијата во однос на интервјуто на американската амбасадорка Анџела Агелер, во кое вели дека „нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ“, истакна дека не е соодветно од нивна страна да коментираат изјави на нашиот стратешки партнер со кој Македонија гради соработка веќе изминатите три децении, но она што е клучно е испратената порака дека се потребни навистина важни разговори од кои сите инволвирани страни ќе имаат корист.

Митева нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток покажала што ќе биде наш фокус – растот на економијата, нови инвестиции и подобар животен стандард на граѓаните.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток, првите пет дена на дело покажа што ќе биде наш фокус. Тоа е растот на економијата, нови инвестиции, а се со цел подобар животен стандард на граѓаните. Не е соодветно од наша страна да коментираме изјави на нашиот стратешки партнер со кој Македонија гради соработка веќе изминатите три децении, но она што е клучно е испратената порака дека се потребни навистина важни разговори од кои сите инволвирани страни ќе имаат корист. Фокусот на оваа влада е реформски. Потребни се брзи реформи со цел враќање на реномето и угледот на нашата држава Македонија, затоа што се досега од страна на СДС и ДУИ беше погазено и уништено“, изјави Митева.