На денешната прес конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше објавено дека партијата започнува со протест.
Протестите ќе се одвиваат во форма на маршови кои ќе започнуваат од Министерството за правда, па со блокирање на улиците каде ќе се оди до Владата, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика.
„На 9 септември, среда, ги повикувам граѓаните на протест. Протестот ќе започне во 18 часот. Појдовна точка ќе биде Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Имаме скапа струја, а сиромашен народ“, рече Мицкоски истакнувајќи дека тоа е првата причина за која ќе протестираат.
