Во авион во САД пронајдени две безживотни тела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица се пронајдени мртви во подвозјето на  авион на „ЏетБлу“ од Њујор, откако слетал на меѓународниот аеродром Форд Леодердејл – Холивуд, соопшти авиокомпанијата.

Тоа е последен во серија инциденти, кои предизвикуваат загриженост за безбедноста на летовите.

Телата биле откриени во понеделникот вечерта за време на инспекција за одржување на летото. Нивниот идентит е непознат, а се истражуваат околностите по кои се нашле таму.

Авиокомпанијата соопшти дека авионот последен пат летал од аеродромот Џон Кенеди во Њујорк до Форд Лодердејл. Соопшптено е дека станува збор за двајца мажи.

„Канцеларијата на медицинскиот преглед во округот Бровард ќе изврши обдукција за да ја утврди причината за смртта на двете лица“, рече портпаролот Кери Код.