Во Австралија поплави како што немало во последните 100 години, најмалку две лица загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Две лица загинаа, а две се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Австралија, соопштија денес властите во таа земја.

Поплавите што го зафатија подрачјето на Нов Јужен Велс, северно од Сиднеј, беа предизвикани од големи количини дожд што паѓаат од вторник, потсетува АП.

Според властите, за време на поплавите биле спасени повеќе од 500 луѓе, што ги надминало претходните рекорди од 1921 и 1929 година.

ФОТО: Архива