Во Бангкок се евакуираат згради поради оштетувања од земјотресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку згради во Бангкок, главниот град на Тајланд, беа евакуирани во понеделникот наутро поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавија во зградите, објави Бангкок пост. Исто така, беше објавено дека се слушнало пукање во ѕидовите, што предизвикало паника кај бројните жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.

Евакуацијата започна околу 10 часот. Меѓу погодените се зградите на владиниот комплекс на патот Чаенг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и судските згради на патот Рачадафисек.