Во Берлин изгоре центар за мигранти, голем број повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избил денеска во зграда во Берлин во која биле сместени баратели на азил и голем број на лица се повредени, соопштиле пожарникарите.

Засега не е позната причината за пожарот во квартот Фриденау на југозападниот дел од Берлин.

„Избил пожар во центарот за бегалци“, објави протипожарната единица.

Истиот извор наведе дека на местото на настанот излегле 70 пожарникари, и дека голем број лица се повредени.