Во Битола откриени ѕвезди на кинематограферите Џон Сил и Крис Менџис

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 „Патеката на славните“ на Широк сокак во Битола е збогатена со ѕвездите на кинематограферите Џон Сил од Австралија и Крис Менџис од Англија.

Џон Сил, воедно годинешен претседател на меѓународното стручни жири е светски познат кинематографер, добитник на наградите Оскар и БАФТА за филмот „Англискиот пациент“ (1996), а на културната јавност и е познат и од учеството во филмовите „Дождовниот човек“ (1988), „Американскиот претседател“ (1995), „Хари Потер и Каменот на мудроста“ и други. Во 2016 година на фестивалот во Битола, Џон Сил доби златна „Камера 300“ за животно дело.

Од денеска  составен дел на првата „Патека на славните“ во Македонија е и ѕвездата на филмскиот великан од Англија, Крис Менџис, лауреат на фестивалот во Битола во 2014 година. Во присуство на Џон Сил и Симеон Мони Дамески, ѕвездата на Крис Менџис ја откри  Уна Менџис, гостинка на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.