Во болницата во Нови Сад почина жена, 15-та жртва од несреќата на железничката станица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Несреќата на железничката станива во Нови Сад, ја одзеде и 15-тата жртва. Жена која беше во тешка состојба од повредите здобиени од несреќата, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар Војводина.

„Тоа е 15-тата жртва од несреќата која се случи на 1. ноември годинава. И покрај напорите на докторите, дојде до смртен исход“, изјави докторка Весна Туркулов, в.д. директорка на Клиничкиот центар Војводина.

На 1 ноември настрешница од железничката станица во Нови Сад, се сруши врз луѓе, при што смртно настрадаа 14 лица, а сега одзеде уште една жртва. Уште две лица се во болница и се борат за живот.