Во Бугарија уапсени 5 лица – му помагале на еден од главните осомничени во нападот во Истанбул

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Потврдувам дека е поведена предистражна постапка од страна на градското обвинителство на Софија во секторот за борба против тероризмот. Пет лица се приведени како обвинети за помагање на лице кое најверојатно го извршило нападот во Истанбул“. Ова за бТВ го изјави портпаролката на главниот обвинител Сиика Милева.

„Помошта што му беше укажана беше набрзо по нападот, бидејќи му пружија логистичка и комуникациска помош. Го изнесуваат од турска територија за да го заштитат од турските власти“, додаде таа.

Милева одби да даде детали, бидејќи тоа ќе ја загрози националната безбедност на Република Бугарија. Ним им е одреден притвор до 72 часа. 

Со оглед на поднесеното барање до судот за нивен траен притвор, Милева изрази благодарност до колегите од турското обвинителство, со кои повторно имаат одлична комуникација.