Во Чаир ќе пристигне специјално армиско возило, пожарот во зградата сè уште гори – висока температура во подрумите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата.