Во Дубаи организираат превоз со јахти до СП – цените се брутални

НАЈНОВИ ВЕСТИ

REUTERS пишува дека за време на Светското првенство се организираат атрактивни крстарења со јахти од Дубаи до Катар.

Станува збор за крстарење кое оди преку Арапскиот Залив, а изнајмувањето на јахта чини 20 илјади долари од ноќ.

Има три палуби и џакузи, а капацитетот на јахтата е 30 гости.

Катар известува и дека има 130.000 соби дневно:

„Не можеме да ги контролираме цените затоа што не е во наши раце. Сè се заснова на побарувачката на она што е достапно во моментот. Мислам дека цените може да се променат ако има лошо побарувачка.Зависи од сопственикот“, велат организаторите во пресрет на Светското првенство кое започнува на крајот на ноември.