Новата 2025 година веќе започна во една земја, која веќе ја дочека со огномет и прослави, додека во Македонија ќе се слави само за околу 12 часа.
Ова е поради меѓународната линија за датум, официјалната почеток и крајна точка на секој ден. Земјите се слободни да одлучат на која страна од меѓународната линија за датуми сакаат да бидат и сами да го одредат своето време, а моментално се користат 38 локални времиња, што значи дека некои земји утре ќе го означат почетокот на Новата година.
Првата земја што слави
Првата копнена маса што ќе ја дочека новата година е островот Киритимати и низа од 10 други претежно ненаселени атоли во централниот дел на Тихиот Океан. Со нив полноќ удри во 11 часот по наше време. Еден од 33-те острови што ја сочинуваат Република Кирибати, Киритимати се наоѓа речиси директно јужно од Хаваите, на истата должина – но ја слави Новата година цел ден порано.
Меѓународната линија за датум некогаш минуваше низ Кирибати, што значи дека денот може да биде различен во зависност од тоа дали сте на еден од најзападните или најисточните острови во земјата. Но, во 1995 година, Кирибати ја помести линијата за датум, така што сите острови имаат ист ден во исто време.
