Во експлозија во фабрика во Турција загинаа најмалку 12 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во фабрика во северозападна Турција, соопштија властите.

Во инцидентот се повредени три лица. Станува збор за фабрика која произведува експлозиви.

„Дванаесет наши сограѓани загинаа во експлозија во фабрика во областа Кареши“, изјави гувернерот на Баликесир, Исмаил Устаоглу за новинскиот канал НТВ.