Во Форино украдени 16 овци од стадото – Енвер вели дека има штета од околу 4 илјади евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два пати по ред некој му краде овци од стадото. Енвер Муслиу од гостиварско Форино вели дека прв пат се случило ноќта пред празникот Курбан Бајрам а втор пат во четвртокот вечерта. Тој вели дека му фалат 16 овци и му е нанесеа штета од околу 4 илјади евра.

„Првата кражба се случи ноќта пред Курбан Бајрам, околу 2-3 часот по полноќ. Гледам ги нема, ги извадив и другите надвор, ги нема. Втората кражба се случи во четвртокот вечерта. Во петокот ги пуштив овците и го побарав шарениот овен, го немаше. Го викнав синот да го побараме, баравме но го немаше овенот, потоа ги пребројав и гледав дека 9 помалку беа“, вели Енвер Муслиу.

Муслиу случајот го пријавил во полиција каде замолил случајот да го сфатат сериозно.

„4 до 5 илјади евра е штетата. Јас имам 60 години, ова прв пат ми се случува, сме губеле по една но ова е прв пат толку да изгубиме. Да се мачиш цел ден и ноќе да дојде некој и да ги украде е апсурдно. Полицијата ја замолив да го најдат што поскоро, не тие да го казнат туку јас да го казнам. Не ја оштетил државата, бидејќи во тој случај ќе го најдеа за 24 секунди“.

Муслиу вели дека во селото не се случуваат вакви кражби и дека затоа не чува куче. Тој додава дека од ова живее тој и неговото семејство а чувањето овци им е традиција со генерации.