Во Франција е запленето речиси еден тон кокаин по потера по конвој од три возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француските власти заплениле речиси 930 килограми кокаин во департманот Источни Пиринеи, по полициска потера по конвој од три возила. Со ова, вкупната количина кокаин запленета во овој департман во текот на една недела достигнала 1,8 тони, соопшти денеска обвинителот од Перпињан.

Во ноќта меѓу петок и сабота, возачот на едно од трите возила во кои била транспортирана дрогата намерно удрил во возило на жандармеријата. Во инцидентот полесно биле повредени двајца жандарми, соопшти обвинителот Жером Бурие.

По инцидентот, припадниците на безбедносните сили започнале потера и воспоставиле оперативна потрага, благодарение на која биле пронајдени сите три возила, како и кокаинот што се наоѓал во нив.

Уапсен бил еден од возачите – маж во своите дваесетти години, кој потекнувал од регионот на Париз, прецизирал обвинителот.