Во Гамбија запленети речиси три тони кокаин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пратка индустриска сол од Еквадор, гамбиските власти пронајдоа скоро три тони кокаин.

Во една од најголемите заплени на сите времиња во Западна Африка, при претресот во четвртокот, откриени се 118 вреќи кокаин во контејнер испорачан од пристаништето Гуајакил во Еквадор, преку Алгесирас во Шпанија, пренесува Ројтерс.

Се уште нема информации за тоа каде на крајот требало да пристигне кокаинот.

Шверцерите на дрога главно ја користат Западна Африка како место за транспорт на кокаин на патот од Јужна Америка кон Европа, а властите велат дека дрогата не е наменета за локална потрошувачка, додава Ројтерс.

Првичните откритија сугерираат дека контејнерот во кој имало кокаин му припаѓал на жител на Гамбија со француски пасош, кого полицијата го бара.