Во Хрватска повлечени кит-кат наполитанки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватскиот државен инспекторат го повлече од пазарот производот вафли Нестле КИТ КАТ Мини поради присуство на минерални масла, извести во средата Хрватската агенција за земјоделство и храна.

Како што објаснуваат, отповикан е само Nestle KIT KAT Mini 200гр во кесичка (производ од вафли покриен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на траење 01/2025.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.