Дете од градинка од Загреб, има коронавирус. Сите деца и вработени во градинката одат во изолација, потврдија од Градот Загреб.
„Донесена е одлука градинката да се затвори на 14 дена, односно 119 деца мораат во самоизолација, како и 16 вработени во градинката. Во тек е информирање на сите родители околу мерките кои се должни да ги почитуваат“, изјавиле од службите за информирање на Загреб.
