Во Италија најлошиот ден, 250 починати во последните 24 часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Италија денеска е најлошиот ден од почетокот на епидемијата на коронавирусот. Починаа 250 лица во последните 24 часа, извести италијанскиот кризен штаб.

Од коронавирусот во моментов во Италија се заразени 14.995 лица, 2116 се заразаени во последните 24 часа. Но бројот на оние кои се заразени, а што се вклучени и личности кои во меѓувреме заздравиле сега порасна на 17.660 лица.

Ангело Бориели рече дека вкупно починале 1266 лица, и како од 250 починале во последните 24 часа. Оздравеле вкупно 1439 лица, од кои 181 лице во последните 24 часа.