Италија денеска е погодена од невреме, со обилни врнежи од дожд и снег во многу делови на таа земја.
Издадено е портокалово предупредување за невреме и снежни врнежи во седум региони, пренесува Анса.
Поројните дождови во близина на Рим доведоа до поплави, а снегот создава проблеми во сообраќајот во Умбрија, Тоскана, Фурланија и Ломбардија.
Според метеоролозите, ваквото лошо време може да трае до 15 јануари.
