Во јуни отворање на градинките?! Од утре почнува тестирањето на вработените

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе 2 месеца се затворени градинките поради коронавирусот. Иако е затворена, децата си играат во дворот на оваа градинка. На Бојана и недостасуваат другарчињата со кои си играла секој ден во овој двор.

Зошто е затворена градинката?
Бидејќи има коронавирус.
Ти недостасуваат ли другарчињата?
Да. Сакам што поскоро да се отвори градинката.

Владата предвиде од утре да се тестираат сите вработени во градинките заради безбедноста на децата. Отворањето на градинките се очекува на почетокот на јуни.

-Скринингот опфаќа околу 2000 вработени во градинките. Тестирањето ќе трае две недели, а од следниот месец се очекува вработените и децата да се вратат во градинките. И родителите кои до сега дома се грижеа за своите деца, ќе се вратат на своите работни места.-вели репортерот на ТВ21.

Здравствените институции на денешната средба донесоа одлука тестирањето на вработените да се прави во просториите на градинките а не низ пунктовите. Директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери рече дека оваа метода е побезбедна за едукаторите и другите вработени и секој здравствен центар ќе одржи тестирања низ општините кои ги опфаќа.

„Одлучивме ние да одиме кај вработените во градинките и да спроведеме тестирање директно во градинките. Од утре наутро ќе почнеме со тестирање на сите вработени во градинките и тестовите ќе бидат испратени во МАНУ на анализа.“, изјави Зибери.

Инаку Владата предвиде скрининг на загрозените категории, како здравствените работници, вработените во градинките, персоналот во домовите за стари лица,пациентите со хронични болести и пациенти со биолошка терапија. Истражувањето ќе се прави со ПРС тестови и целта е да се идентификуваат асимптоматични носители на вирусот, односно луѓе кои се заразени а не знаат бидејќи немаат симптоми.