„Ова е единствен начин да пиете кафе во центарот на Скопје“, вели репортерот на ТВ21.
-Едно еспресо ве молам.
Во рестораните не можете да влезете внатре, но има едно место во Скопје каде што можете да влезете внатре и можеби да се напиете кафе.
Бидејќи во кафулињата и рестораните не може да се влезе внатре, отидовме да видиме дали можеме да влеземе во градските казина.
Единствено место кое остана отворено во Скопје се казината, можете да играте, но кафе не можете да пиете.
Оваа заштитна мерка против Ковид 19 пред три дена ја најави премиерот Зоран Заев кој рече дека внатре во казино нема да може да служи кафе, а граѓаните можат да влезат внатре и да се коцкаат.
Со новите мерки се затворени сите кафулиња и ресторани во земјава како заштитна мерка за спречување на ширењето на вирусот.
Угостителските објекти ќе бидат затворени од 7 април до 20 април.
Сопствениците се жалат дека оваа мерка ќе ги одведе во колапс.
