Во Кавадарци и денеска аеродезинфекција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Кавадарци и денеска ќе има аеродезинфекција како и во изминатите денови. Таа ќе стартува во 16.30 часот, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Жителите кои живеат во куќи и станбени згради кои се наоѓаат на самите улици, пожелно е да ги затворат своите прозори и врати. Во акцијата ќе учествуваат пет возила кои ќе вршат аеродезинфекција, соопштуваат од градоначалничкиот кабинет.

Освен во градското подрачје, аеродезинфекција во изминативе денови се врши и во околните села.

Службите на ЈП Комуналец покрај тоа што активно учествуваат во сите акции за дезинфекција на улиците и автомобилите кои влегуваат во градот, од вечерва започнаа со нова активност. Откако ќе започне полицискиот час ,односно од 21 часот па се до 5 часот изутрина, се врши дезинфекција со специјално возило кое преку силен млаз на течност ги уништува сите честички кои го загадуваат воздухот и бактериите.

Gepostet von Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци am Donnerstag, 26. März 2020