Алармантен е број на каснувања од кучиња скитници во Кичево. Бројките покажуваат дека скоро секој ден некој бил нападнат од куче, не вклучувајќи го бројот на граѓани кои не се пријавиле во полиција. Од СВР Охрид велат дека од 1 јануари до 19 јуни во кичевскиот регион се регистрирани 127 инциденти на напади и каснувања од кучиња скитници, за разлика од истиот период пред една година кога имало 121 поплаки.
Граѓаните се преплашени. Секој што прашувате може да ви раскаже случка за напад од кучиња скитници. Поризично е за децата и постарите лица кои не можат да се заштитат.
Еден кичевец вели дека кучињата не се виновни, бидејќи тие се исплашени и затоа ги напаѓаат граѓаните.
Во Охрид и Струга проблемот со кучињата скитници не е толку истакнат. За истиот временски период, од јануари до јуни, во Охрид се евидентирани 5 случаи, а во Струга 26 случаи за 5 и пол месеци.
