Во Кина се запалил товарен брод, загинале 20 лица, петмина се водат како исчезнати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 20 лица загинале, додека петмина се водат како исчезнати откако товарен брод се запалил додека бил закотвен во кинеското пристаниште Чингдао, објавија денеска кинеските државни медиуми. Инцидентот се случил додека бродот бил на поправка.

Фотографијата што ја објавила кинеската агенција „Синхуа“ го идентификувала бродот како „Оушн Мелоди“, кој плови под знамето на Либерија, според податоците од јавно достапната интернет-страница за следење на пловила „ВеселФајндер“, пренесува АП.

На бродот вкупно имало 42 лица, од кои 12 биле безбедно евакуирани, објавила кинеската агенција.