Во кои држави во ЕУ има најголем број на жртви во сообраќајни несреќи? Бугарија една од земјите со највисок процент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајните несреќи речиси секојдневно ги полнат колумните во весниците, или со смртни последици или само со повреди. Невнимателни и неискусни возачи, непрописната брзина, лошите услови на патот се само дел од факторите кои дополнително ги зголемуваат овие црни бројки.

20.400 луѓе годишно гинат во сообраќајни несреќи на патиштата низ ЕУ. Во 2022 година во ЕУ имало во просек 46 смртни случаи на милион жители.

Една од земјите со најголем број жртви е соседна Бугарија. Бугарија има 82 загинати на еден милион жители, додека на првото место е Романија со 85 загинати на милион жители.

Најбезбедни во ова поле се скандинавските земји. Во Данска во просек гине 21 лице на еден милион жители, додека во Шведска тој просек изнесува 22 лица.

Извор: 24 часа