Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 19 пациенти – вкупно се лекуваaт 262 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 oздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 16 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежи 88 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти.

Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.