На 31.12.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица.
Лекар констатирал смрт поради загушување со чад, а претходно лицето паднало врз електрична греалка и му се запалила облеката.
Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.