Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во Куманово се испитува дали кај пациент кој се излечил од Ковид-19, повторно му се вратил вирусот.
„Во светот има такви случаи, има потврда, а во Куманово се очекува потврда дали има таков случај“, рече Филипче.
Тој напомена дека бројката на заболени во Скопје континуирано паѓа, и дека се јавива висока бројка на новозаразени во Тетово, Гостивар, Ресен и Битола.
Филипче напомена дека сега не е моментот да се отворат градинките.
