Во „Ламанш“ загина бебе, спасени 60 мигранти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бебе загина откако брод со мигранти наиде на тешкотии во Ламанш, соопштија француските власти.

Вкупно 65 луѓе се спасени од француските спасувачки тимови откако брод со мигранти наиде на тешкотии во близина на брегот на Висан во северна Франција.

Брод на француската морнарица беше меѓу четирите брода и еден хеликоптер кои учествуваа во операцијата.

Во Франција е покрената истрага.