Во Лвов убиен поранешниот претседател на украинскиот парламент – Зеленски: Убиството е внимателно испланирано

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот претседател на украинскиот парламент и една од клучните фигури на револуцијата на Евромајдан, Андриј Парубиј беше убиен со огнено оружје во Лвов.

Полицијата соопшти дека пукотници одекнале околу пладне во јужниот дел на градот. Жртвата починала на лице место, и покрај реакцијата на итната помош.

Се огласи и претседателот Зеленски.

„За жал, злосторството беше внимателно испланирано“, рече Зеленски во својот дневен рапорт до граѓаните.

По напаѓачот и натаму се трага. Околностите и причините остануваат непознати.

„Неидентификуван маж испукал неколку куршуми кон Андриј Парубиј, убивајќи го на лцие место во Лвов“, соопшти канцеларијата на државниот обвинител.