Во земјава не е сретната мутација на корона вирусот што се појави во Велика Британија, но имаме 6 -7 генетски видови на вирусот корона, рече министерот за здравство Венко Филипче кој додаде дека истата таква мутација е сретната во Србија и Швајцарија.
Филипче рече дека вакцината против корона вирусот во земјава ќе пристигне во февруари и дека дозите ќе пристигнат преку директен договор со компанијата Фајзер и КОВАКС механизмот.
И претставничката на СЗО, Џихан Тавила рече дека вакцината е на пат. Предност за вакцинирање ќе имаат здравствените работници кои се во прва линија во борбата со вирусот, рече Тавила.
„Вакцината е на пат. Потребни се уште многу подготовки. Станува збор за позната научна методологија, безбедна и ефикасна, и вакцината се дава со приоритет како што се прави во сите држави низ светот.“, вели Тавила.
Филипче не јас исклучи можноста вакцината да пристигне во земјава пред февруари, како дел од донациите од земјите на ЕУ, но според него клучниот проблем за доцнењето е бидејќи и самите земји на ЕУ добиле многу малку дози од вакцините.
