Астероидот, со големина од 1,7 километри, што е двојно поголем од најголемата зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, во март ќе помине 1,93 милиони километри од Земјата, објави НАСА.
Астероидот, наречен 2001 FO32, беше откриен во 2001 година, па иако ќе помине на растојание пет пати поголемо отколку што е Месечината од нашата планета, сепак е класифициран како ризичен објект, објави „Дејли меил“.
Ова небесно тело кружи околу Сонцето за 2,22 години, со брзина од 124 000 километри на час.
Секој објект што е на помалку од 7,2 милиони километри од Земјата, се смета за потенцијално опасен астероид, бидејќи постои можност во одреден момент да отстапи од својот пат и да се придвижи кон нашата планета.
