Во напад во Холандија повредени неколку лица, меѓу нив и полицаец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, објавија медиумите. Итните служби интервенираа кратко пред 6 часот наутро на улицата „Фани Бланкерс-Кенлан“ во градот Хофдорп, откако добија дојава за напад.

Еден полицаец бил однесен во болница, а на полициското возило била видлива крв. Полицијата во соопштението за мрежата X го потврди инцидентот:

„Околу 6 часот наутро добивме пријава за напад врз Фани Бланкерс-Кенлан. Неколку лица беа повредени, вклучувајќи и еден од нашите колеги. Бројни служби за итни случаи и Тимот за итна медицинска помош (EMRT) се на местото на настанот. Областа е блокирана. Истрагата е во тек. Повеќе информации наскоро“.

Снимките и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат најмалку пет амбулантни возила, а на местото на настанот е испратен и полициски хеликоптер. Според холандската новинска агенција ANP, во нападот загинале две лица, но полицијата сè уште не ја потврдила оваа информација.