Мировните посредници на Трамп викендов во Москва и Киев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер овој викенд ќе ги посетат Русија и Украина во рамки на напорите за постигнување мировен договор.

Виткоф и Кушнер во сабота ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а во недела ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. „Со себе носат предлог за ставање крај на војната“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски потврди дека ќе се сретне со американските пратеници и најави дека ќе ја гарантира безбедноста на рускиот воздушен простор за време на нивната посета, повикувајќи ја Москва да го стори истото за Украина.

Русија и Украина и натаму се далеку од договор, а Путин не се откажува од барањата за дополнителни територијални отстапки од Киев.

Украина и нејзините европски сојузници ги отфрлаат руските услови, оценувајќи дека тие би значеле капитулација.

Во меѓувреме, Зеленски вчера соопшти дека руски дрон ја погодил канцеларијата на шефот на украинската безбедносна служба СБУ, Олександр Поклад во Киев, но тој не бил повреден, а регионалните власти соопштија дека четири лица загинале, а пет биле повредени во руски напад врз градот Камјанске во југоисточна Украина.

Виткоф и Кушнер досега повеќепати ја посетувале Русија, но ова ќе биде нивна прва посета на Украина во рамки на мировните напори.

Путин во четвртокот изјави дека „постојат шанси“ за постигнување мировен договор, но нагласи дека Москва и Киев најпрво мора да се договорат меѓусебно.