Во несреќата ги изгубил ќерката и зетот – Селмани: Немаме информации, чекаме министерот да дојде

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Асим Селмани од скопско Количани денеска во изјава за медиумите истакна дека ги изгубил ќерката и зетот во страшната несреќа која се случи вчера на автопатот во Бугарија.

Вели дека пристигнале во Бугарија за идентификација на телата на загинатите, но се уште немаат информации за тоа каде се.

„Кај треба да ги чекаме ни ние не знаеме. Имаме информација дека не се тука. Само тие починатите каде се однесени не знаеме, чекаме министерот Бујар Османи да дојде да ни каже информации“, рече Селами.

Селмани вели дека на синот во Скопје му е земен ДНК материјал.

Инаку, вчера во Бугарија на автопатот Струма во пожарот на автобусот „Беса транс“ загинаа 45 лица, а 7 се повредени.

Патниците се враќале од екскурзија во Истанбул – Турција.