Во овој европски главен град, авиони не полетуваат речиси 50 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кипар е островска држава на Средоземното море, која долго време се сметаше за раскрсница меѓу Европа, Азија и Африка. До 1974 година голем дел од авионскиот сообраќај се одвивал преку Меѓународниот аеродром во Никозија, кој се наоѓа на осум километри од главниот град на Кипар.

Аеродромот во Никозија бил изграден во текот на триесетите години од минатиот век, а реновиран бил во 1968 година, со цел да стане главно транспортно средиште на Медитеранот.

Имал најмодерен терминал со многу кафулиња и ресторани, а за само неколку години привлекувал многу туристи. Но неговата шанса за развој нагло е прекината.

Во текот на турската инвазија на Кипар, аеродромот станал едно од главните мети на турската војска и целата работа е сопрена. После интервенцијата н Обединетите нации, Кипар бил поделен на турски и на грчки дел, а аеродромот станал неутрална зона.

Од 1975 година па наваму, авионскиот сообраќај на Кипар се одвива преку аеродромот во Ларнака, а осум години подоцна изграден е и аеродром во Пафос.