Во овој град од Нова година се забранува пушење и на отворено: Може да се заработи казна до 240 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Милано, вториот по големина град во Италија, пушењето на отворено ќе биде забрането од Нова година, јавува Анадолу.

Локалните медиуми објавија дека градскиот совет на Милано, како дел од планирањето на климата и времето, одлучил да го прошири опсегот на ограничената забрана за пушење што првпат беше воведена во 2021 година на општи јавни простори како што се стадиони, паркови, гробишта и автобуски станици.

Според најновата одлука на градскиот совет, пушењето на јавни места ќе биде забрането од 1 јануари 2025 година.

Оние кои нема да го почитуваат ова правило ќе бидат казнети со парична казна од 40 до 240 евра.

Според параметарот „концентрација на ПМ10“ што се користи за мерење на квалитетот на воздухот, медиумските извештаи наведуваат дека потрошувачката на цигари сочинува седум проценти од загадениот воздух во Милано, индустрискиот и финансиски центар на земјата.