Перу има најголем број на излечени пациенти од Ковид-19. Владата на оваа земја го ограничи движењето по пол, па така жените излегуваат во парни, а мажите во непарни денови.
Иако можеби за многумина оваа мерка нема смисла, сепак, така било полесно да се увидат луѓето кои не смеат да излегуваат од дома. Тоа би ја олеснила работата и на војската и полицијата.
Исклучок од оваа мерка се оние кои им треба лекарска помош, новинарите и оние кои имаат работна дозвола.
Многумина од жителите на оваа земја работат од дома. Во недела не е дозволено излегување никому. Дури ниту аптеките во недела не работат, туку само дежурните служби по болниците, а таму се стигнува само со помош на војската.
Перу бележи 2.300 заразени, а повеќе од 1.000 се излечиле.
